Конечно, универзумот се смилува и на господинот Мицкоски му даде работа за која навистина го бива!
Имено, дознаваме дека Сител планира да го замени моменталниот стар господин со Христијан Мицкоски, кој ќе биде новиот водител на метео прогнозата на оваа телевизија.
Од Сител велат дека причината за ова е дека моменталниот водител е премногу стар и време е за промена.
"Стар е. Се буни од време на време, мислиме дека има деменција. Да не шириме дезинформации, ама има и некои физички проблеми. Гледате, кожата му е цела истегната, пензионерска. Баш пред некој ден направи и грешка во временската прогноза. Ама и покрај сите овие проблеми веруваме дека Христијан Мицкоски ќе биде добра замена за младиот, здрав и атрактивен моментален водител на временската прогноза." - изјави еден вработен во Сител за нас.
За свое мислење го прашавме и господинот Мицкоски кој изјави:
"Јас сум презадоволен од новата работа. Едвај чекам да започнам и на македонците да им предвидувам дека наскоро ќе дојде ново, жешко, спарно и влажно македонско пролетно-есенско лето во Декември. Се доближува. Еве го. Само што не се случило. Спремете се и земете си чадор!"