logo

# Сатира

МИЦКОСКИ ЌЕ СОБИРА ПОТПИСИ ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ПОТСЕТУВАЊЕ ДЕКА СОБИРАШЕ ПОТПИСИ ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ПОПИСОТ

насловна слика

Познатиот уживател во селфи фотографии, а во слободно време лидер на ВМРО-ДПМНЕ најави ново, второ во годината собирање на потписи!

 

Имено, господинот Христијан Мицкоски планира да собере повеќе од десет илјади потписи со цел да се одложи потсетувањето дека тој порано оваа година собираше потписи за одложување на попис во време на пандемија.

 

"Верувам дека собирањето на потписи вродува со плод, освен тогаш кога не. Затоа, ако соберам доволно потписи и ако ојачам со пропаганда во медиуми блиски на партијата, верувам дека граѓаните ќе заборават дека собират потписи против попис во пандемија. А ако не успеам да ги соберам потписите... па потпишете се бе луѓе, не сте снегулки да се стопите... шо ве кошта да се потпишете?" - изјави Мицкоски.

Коментари


Остави коментар