Лидерот на "Планинари - Nova grupa fejsbuk", "Селфиња на средовечни мажи (18+)", "Fejsbuk zezalice (Smesne slike grupa)" и "ВМРО-ДПМНЕ" планира да се кандидира за слободното лидерско место во СДСМ!
Имено, Христијан Мицкоски смета дека има добра шанса да биде изгласан од страна на членовите на СДСМ и според најнови анкети тврди дека има предност пред Фросина Ременска!
"Па зошто да не бидам јас лидер на СДСМ? Мора да гледаме напред. Не можеме да се држиме за некои глупави работи од типот на "ne moze lider da bide na dve partii vo isto vreme" кои биле измислени пред илјадници години. Време е за нови, прогресивни работи во македонската политика. Верувам дека ги имам способностите да бидам лидер на СДСМ, а според некои, јас сум бил позаслужен и од Заев за останувањето на власт на СДСМ сите овие години. Па зошто да не станам лидер на СДСМ? Мицкоски како лидер на СДСМ е решение за кое сум спремен да ве водам напред. Следете ме!!!" - вели Мицкоски во соопштение за медиумите.
Не сме сигурни дали ќе му успее, ама искрено се надеваме дека ќе победи, а потоа и дека ќе има одлични дебати со лидерот на СДСМ.
Со свој став за оваа ситуација го прашавме и господинот Заев кој кажа:
"Некогаш самиот на себе си најголемиот непријател."
Со сличен став како господинот Заев беше и поразениот на последните избори за лидер на СДСМ - господинот Зоран Заев.