logo

# Сатира

Мицкоски ќе ја претставува Македонија на СП во бодибилдинг

насловна слика
Бодибилдинг и Фитнес Федерацијата на Македонија (ББФФМ) одлучи Христијан Мицкоски да ја претставува нашата држава на следното светско првенство во бодибилдинг. Како што велат од ББФФМ, максималната посветеност, дисциплина и напорни тренинзи е причината поради која се одлучиле за Христијан Мицкоски. „Христијан Мицкоски е единствениот бодибилдер кој максимално тренира и работи во услови кога сите теретани се затворени поради мерките за превенција од вирусот Ковид-19. Како му успева ни самите не знаеме. Сепак, ова нека биде голем поттик за помладите спортисти дека со тренинзи, максимална посветеност, напорна работа и верба, човек може да ги оствари своите соништа. Му посакуваме многу успех на Христијан Мицкоски на престојното светско првенство и сме сигурни дека ќе ги оправда нашите очекувања“ - стои во соопштението на ББФФМ.

Коментари


Остави коментар