logo

# Сатира

Мицкоски: ИМАМ МНОЗИНСТВО ВО ВЛАДАТА ВО АВГАНИСТАН! ЌЕ ПАДНЕ КАЈ И ДА Е!

насловна слика

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е човек кој не знае за одмор! Освен тоа што тој има мнозинство во владата на Република Македонија, неговата желба за помагање на светот не запира! Имено, тој вели дека има мнозинство и во владата на Авганистан!

 

"Имам мнозинство. Климаво е владеењето на Талибанците. Ќе падне владата кај и да е. Во контакт сум со сите. МАКЕДОНИЈА ДО АВГАНИСТАН! Ќе видите! Имам мнозинство! Падната е владата на Талибанците исто како што е падната и владата на Заев. Ама не се свесни ни сами за тоа! Ќе видат... кај и да е... ќе биде..." - изјави Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

Коментари


Остави коментар