Христијан Мицкоски повторно ги разбранува медиумите во државава со своја изјава!
Последен пат кога Христијан Мицкоски беше актуелен во медиумите поради свој став беше во... во... беше во....
Добро, ајде да не мислиме на минатото, туку да гледаме кон иднината.
Овој пат, Христијан Мицкоски изјави дека познатата активистка Грета Тунберг е вмровка!
"Да! Вмровка е! И ги гледате говорите? Ви текнува јас лани кога најавував жешка македонска есен? А ви текиња кога јас најавував жешка македонска зима? А кога најавував жешка македонска пролет? А кога најавував жешко македонско лето? Ви текиња? Не? ...добро, никој не ми ги следи мене говорите? Не, не одговарајте на ова.
Муабетот ми е... јас најавував жешки периоди!
А ја гледате Грета што вика? Температурите растат... станува жешко... сонце пука.... БУКВАЛНО ИСТИТЕ ГОВОРИ КАКО МОИТЕ ИМА!!!
Затоа, чест е да се има некој како Грета во редовите на ВМРО-ДПМНЕ!" - изјави Мицкоски.