logo

# Сатира

Мицкоски ги изгубил нотарските изјави кои гарантира дека нема промена на устав!

насловна слика

Каков малер!

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги изгубил нотарските изјави кои гарантираа дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за нова промена на уставот!

 

"А бе... во џеб ми беа некаде. Заедно со мобилниот, паричникот и клучевите. Бев вчера нешто до месен комитет и кога се враќам дома.. сум ги изгубил изјавите. А како и малер на се, имав и еден тикет од спортска уплатено, со стотче носеше илјадарче ќар. Не е многу, ама криво ми е што го изгубив. А добитен испадна тикетот... А за тикетот ми е повеќе криво наместо за нотарскиве изјави... Тоа е, се дешава..." - изјави Мицкоски во разговор со нашите новинари.

 

Тој вели дека сега, со изгубени нотарски изјави не е сигурен дали неговите пратеници ќе гласаат за промена на уставот или не, ама сигурен е дека ќе го направат правилното нешто... што и да е тоа.

 

Коментари


Остави коментар