Лидерот на партијата ВМРО-ДПМНЕ со нова изјава за медиумите.
Секако, и оваа, како и сите негови досегашни изјави не ја возбуди јавноста, бидејќи сепак државата не е до тоа ниво падната за да се возбудува на Мицкоски.
"Мојата партија го измисли концептот на поддржување на Македонија. Дали некогаш сте навивале за Македонија во фудбал или ракомет? Тоа го започна ДПМНЕ како концепт! Дали некогаш сте јаделе македонски производи? Тоа го измисли ДПМНЕ! Дали некогаш сте кажале дека ја сакате вашата мајка која што се вика Македонка? Да - поради нас го правите тоа!" - изјави Христијан Мицкоски кој делуваше навистина гордо што неговата партија го измислила концептот на поддржување на државата.
Со овој цитат, изненадувачки, се сложи партијата на СДСМ, кои во соопштение за медиумите рекоа:
"Така е. Ако некогаш сте купиле македонски производ или сте навивале за Македонија во фудбал вие сте 100% ВМРОвец. Ја сакате мајка ви Македонка? Сте јаделе некад македонски смоки со македонско вино во македонски парк? Многу е веројатно дека вие сте смрдлив ВМРОвец."