Откако по денешниот дебакл со јавниот превоз во Скопје, опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи Данела Арсовска за најлош градоначалник во историјата на главниот град, претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, отворено прозборе за неодговорноста и незрелоста на од тој, некој, таму, кој ѝ помогна до стигне до градоначалничката фотелја..
- Одамна беа изборите и не се сеќавам точно со чија помош успеа да се дограби до градоначалничката функција, но кој и да е, треба да се срами од тоа што го направи. Јас да бев на негово место ќе одев по улици со наведната глава. Ма каква наведната глава, од дома не ќе излегував. - изјави Мицкоски.
На прашањето дали неговата партија ќе бара политичка одговорност од виновникот за владеењето на Данела кога ќе се открие кој е тој, Мицкоски ни одговори дека нема смисла да се враќаме во минатото и да докажуваме кој е крив, а кој е прав, туку треба да погледнеме напред како одговорни и зрели луѓе.