Екипата на Кооперација е секогаш таму каде што треба е главната вест!
Па затоа, пристигнавме во Москва каде што побаравме да направиме разговор со Владимир Путин.
Откако тој одби да ја прими нашата екипа, решивме да бидеме таму каде што е втората најбитна ситуација во моментов!
Откако и Џо Бајден одби да се види со луѓе од нашата екипа, решивме да преминеме на третата главна тема.
Секако, бевме одбиени и од страна на Талат Џафери, па затоа немавме друг избор освен да напишеме статија за ситуацијата во Град Скопје.
Го прашавме Христијан Мицкоски што мисли за проблемите помеѓу градоначалничката на Скопје - Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, а тој ни го даде следниов одговор.
"Шо? Данела? Која беше таа? Нешто пејачка беше? Ааа не! Ми текна! Градоначалничката беше таа така? Да, имам чуено, ама искрено појма немам која е таа, само вака од телевизија ја знам, не знам ништо за неа. Ама мајка ми мене ми кажа да не верувам на луѓе што им фали буква во името. Замисли да и веруваш на Данела? Тоа е исто како да веруваш на човек што се вика Христиан! Или Зоан! Или Дако! Или... ме сфаќаш нели, не мора да продолжувам со примери. Али да, ова со Данела... интересна ситуација, ама нели, ја само од телевизија ја знам... Ајде, се брзан, една планина ме чека. Поздрав!" - изјави Христијан Мицкоски во разговор со нашата екипа.