logo

# Сатира

Мицкоски: ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН! ДЕН КОГА ПУКНА ПРВОТО ЈАЈЦЕ!

насловна слика

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на граѓаните на нашата земја им го честита големиот празник "11 Октомври" односно попознат меѓу Христијан Мицкоски како "Велигден"

 

"Честит Велигден! Велик е овој ден! Дури и самото име го кажува! Кога пукнало првото јајце! А секако, каде, ако не во Јајце! Сум бил во Јајце, еднаш на екскурзија не носеа како мали. Секако, да не заборавам да упатам и убави желби по повод 11 Октомври. Одлично училиште. Не знам што се случува со училиштето, ама ми кажаа од партија да излезам и да упатам зборови по повод 11 октомври.  Не знам што се дешава со школото, ваљда овие од СДСМ заебале нешто. И тоа на свет ден го заебале 11 октомври - на Велигден!!! ДА ЖИВЕЕ НАШАТА, ВАША, А И ВПРОЧЕМ СЕЧИЈА ЗЕМЈА! ЌЕ ПОБЕДИМЕ! ПОБЕДУВАМЕ! ДА ЖИВЕЕМЕ!" - храбро упати порака Мицкоски кон двајцата што му беа на митинг.

Коментари


Остави коментар