logo

# Сатира

МИЦКОСКИ: ЧЕКАМ ВОЈНА НА ИЗРАЕЛ И ПАЛЕСТИНА ДА ИЗЛЕЗАМ СО СТАВ!

насловна слика

Веќе неколку недели откако обезбеди мнозинство* во собранието на РМ, лидерот на Христијан Мицкоски како да исчезна од медиумите. Тој се уште нема прокоментирано ништо, па ова ја загржи екипата на Кооперација.

 

Ние пробавме да стапиме во контакт со фејсбук страната на Христијан Мицкоски, а од таму ни кажаа "Otidete na planina najverojatno e tamu, prai selfinja"

 

Отидовме до најблиската планина и после 3 часа и 45 минути стигнавме на врвот. Таму изедовме грашок**, а на враќање назад го сретнавме господинот Христијан Мицкоски. Ја искористивме оваа прилика да го прашаме за мнозинството и зошто нема прокоментирано ништо нити пак нема најавено нова, четврта за годинава "Zheshka, makedonska, pekolna zima!" 

 

Тој ни кажа дека не се појавува за никаква ситуација во државата, но најверојатно ќе има свој став доколку Израел и Палестина започнат воен конфликт.

 

"Македонија? Ех, шо знам. Немам некој став у моментов. Ама се надевам Изреал ќе ги тепа Палестинциве. Ако излезе нешто војна, викајте, сакам да си го кажам ставот. Ајде, се брзам, мора да стигнам до врвот, слушнав грашок имало. Ајде, сеа глеаме друг пат." - изјави Мицкоски

 

* = не обезбеди мнозинство

 

** = не вредеше за трудот, требаше нешто бургер, бурито, бурек, шо знам

Коментари


Остави коментар