logo

# Сатира

Мицкоски бара предвремени избори за бирање на нов амбасадор на САД во Македонија

насловна слика

Лидерот на Христијан Мицкоски повторно бара предвремени избори!


Овој пат, тој не бара предвремени претседателски или парламентарни избори, туку предвремени избори за бирање на нов амбасадор на САД во Македонија.

 

"Јас сум идиот. Цело време мислев дека најголема моќ во земјава има претседателот или премиерот. Ама денеска видов дека амбасадорката на САД во Македонија ќе ги проверувала сите македонски функционери. Значи, јас сум идиот што барав предвремени претседателски и парламентарни избори. Еве, и да ми дадоа избори? Што после? Ќе победев? И што после? Ќе одговарав пред американскиот амбасадор? Не иде.. Затоа! Под итно барам Ковачевски да ни даде предвремени избори за  бирање на нов американски амбасадор во САД! А ние веруваме дека ако тоа ќе случи дека најмоќната личност во земјава ќе биде од ВМРО-ДПМНЕ! Да живее Христијан Мицкоски! Да живее американскиот амбасадор! Да живее ЕУ!" - изјави Христијан Мицкоски во прес за медиумите.

 

Коментари


Остави коментар