logo

# Сатира

Мицкоски бара гаранции од ЕУ дека тој ќе биде следниот премиер за да гласа за влез на Бугарите во уставот

насловна слика

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повторно се изјасни дека е против францускиот договор и е цврсто против внесување на Бугарите во уставот на земјава.


Тој веќе еднаш потврди дека нема шанса член на неговата партија да гласа за внес на Бугарите во уставот со приложување на нотарски документи, а денеска, во разговор со еден од нашите новинари тој потврди дека е цврст орев и нема шанса да се откаже од овој став!

 

"Договорот е очаен. Го мразиме! Нема шанса да влезе ниту еден Бугарин во нашиот устав! Ниту еден член нема да гласа за такви промени! Ниту еден!!! Додека сум жив! Додека го дишам овој македонски воздух! Нема да дозволам нешто такво!" - изјави Мицкоски, по што нашиот новинар тргна кон својот дом за да ја напише оваа статија.

 

Но, по само два направени чекори, тој беше прекинат од Христијан Мицкоски кој си ја продолжи горецитираната мисла: "Но... еве... ако од ЕУ ми гарантираат дека јас ќе бидам следниот премиер... Па зашто да не ги внесеме  Бугарите? Еее, нотарски изјави сум имал... е ако де, хартија е тоа, лесно се кине... Еве, па зашто да избрзуваме со мислење? Можда и ок е тоа... што, немаме друга опција сеа, тоа е, шо да праиш... Од кај да знам па и ја дали е лош договорот? Можда сум грешка. Никој не е роден учен, сите правиме грешки, луѓе сме..."

 

 

Коментари


Остави коментар