Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ реши да искористи уште една сериозна ситуација за да проба да добие политички поени. Овој пат тој објасни дека долколку тој би бил премиер, со оваа ситуација се ќе беше справено до крајот на Велигден!
"Брееј... ги гледам овие од СДСМ...не можат навечер демек? А бе како не им е срам! Јас да бев премиер до крајот на Велигден се ќе средев! Ни пожар ни ништо немаше да има!" - изјави Христијан Мицкоски
Пробавме да му објасниме дека пожарите се случија на Илинден, а не на Велигден и дека со ова тој кажува дека тој би завршил очајна работа, но тој не делуваше премногу заинтересиран за нашите забелешки.