logo

# Сатира

Мерко потрошил 27 000€ по кафани за да ги помогне угостителите

насловна слика

„Јадев, често и на сила, само и само да ги помогнам струшките угостители.“ – се правда струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, по денешните наводи дека за време на пандемија потрошил 27 илјади евра буџетски пари по кафани и ресторани.

Тој ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека граѓаните на Струга се жртви на неговото расипништво и луксуз и одговори дека ако некој е жртва, тоа е тој, затоа што неговата посветеност и желба да помогне му донела висок холестерол, шеќер, запушени крвни садови и покачен притисок, но и покрај тоа спремен и понатаму да се жртвува за доброто на стружани.

Коментари


Остави коментар