Ангела Меркел со солзи во очите се обрати кон Европа, нашата земја и останати земји што не се нашата.
Канцеларката на Германија тврди дека премногу ја доболело што нашата земја не влегла во ЕУ и навистина се чувствува виновно.
"ЕВРОПСКАТА УНИЈА НАПРАВИ ЛОШ ПОТЕГ! Зоран беше човек за пример. Македонија е земја за пример. Перфектна земја. Унијата секогаш сака да се зголеми со земји што имаат што да покажат и Македонија е перфектна држава.
Има премногу причини како ЕУ би се подобрила со Македонија во неа.
На пример тие би... тие би...
Ок, ајде, да не почнам со зборење, до утре ќе останам.
Затоа, ве уверувам - ЕУ ќе пропадне во скоро време ако Македонија не влезе во Унијата!!!
Вашата земја ја има поддршката на мојата земја. Ќе продолжиме да се бориме за вас до крај!!!
... добро, заврши ова снимањево така? Ме снима се? Направи зум на очите, а? Добро изглумив, а? Хаха, леле бе пар години истиов говор им го праам и уште ми веруваат. Да, да, да, ја билион проблеми во Германија имам тука, ќе земам ќе се замарам за тој... Зопан? Зопах? Како се викаше? Ма како не бееее...
А бе чек, зашто светка камерава уште? Не ме заебавај дека заборави да угаснеш кога завршив со говорот? Дај бе угасни, луѓе гледаат ова како не ти е срам..." - изјави Ангела Меркел во видео кое беше пуштено на "Форум на луѓе што се собрале у Преспа да си праат муабет ради реда"