Поранешната канцеларка на Германија ќе се пресели во Македонија!
Имено, екипата на Кооперација дознава дека Ангела Меркел се решила за овој потег откако чула дека вработените во земјава ќе заработуваат по 18 илјади денари, сума што според неа е многу подобра од пензијата која ја добива откако се повлече од пензијата.
"Ееееј Македонија е тоа бе! Не е шала! Ја па се мачам со години, правам муабет со претседатели и лидери, се будам во 5 легнувам на полноќ, ненаспана бев со години. Да знаев за ситуацијата во Македонија уште пред многу години ќе се преселев кај вас! Чув некој супер маркет кај вас барал вработени и нуделе минималец. Осумнаесет илјади денари се многу повеќе од 17 илјади евра кои јас ги заработував. Логично, дека 18 е поголемо од 17. Браво СДСМ, се надевам заедно со Славјанка ќе тргнете да ја освоите Германија еден ден, па и моите сограѓани да уживаат во вакви одлични услови за живот!' - изјави Ангела Меркел.
Од кабинетот на поранешната канцеларка се вели дека годините полека ја стигнуваат и дека полека го губи разумот. Веруваме дека оваа вест не е поврзана со веста дека Меркел ќе се пресели во Македонија.