Денеска, МЕПСО побара од Регулаторната комисија да се зголеми цената за струјата за цели 68 осто!
Оваа вест не беше дочекана најпозитивно од граѓаните, кои велат дека 68% не им прави мерак, и дека повеќе би преферирале 69.
"Прочитав на интернет дека се најавува зголемување на цената на струјата за 68 отсто. Зошто бе? Зашто 68? Многу глупа бројка. Не можам ни шега да направам за шеесет и осум. Ако веќе се зголемува, нека биде 69, барем да најдеме малце хумор во ситуацијата." - изјави загрижен граѓанин.
Од МЕПСО се уште немаме добиено одговор дали ќе останат на 68% или сепак ќе сфатат дека вистинското задоволство лежи во шеесет и девет.