Познатата старлета...
.... уствари не.
Познатата инфлуенцерка....
.... уствари не.
Познатата водителка...
.....уствари не.
Познатата џетсетерка? Негувателка на животинчиња? Жена? Мајка? Кралица?
Добро, не знаеме што е по вокација, но знаеме дека е позната.
Познатата Мелита Рекичевиќ на својот седми пополнет профил најави своја кандидатура на престојните избори за градоначалник на Скопје.
"Му ги гледам постовите на Шилегов на Фејсбук. Очаен фотошоп. Очаен. Дури и мојот е подобар! Затоа, на следните избори ќе се кандидирам за да му покажам како тоа го прават вистинските фотошоп мајстори! Не само што улиците ќе изгледаат посветло, туку ќе ставам и жирафи на сликите! Е до толку ме бива за фотошоп!" - објави Мелита Седми Профил (пополнет)