logo

# Сатира

МЕЛИТА РАКИЧЕВИЌ: КИРИЛ ПЕТКОВ, ПА И ЈА ВАКА НЕ ГИ ЕДИТИРАМ МОИТЕ СЛИКИ!!!

насловна слика

Главна тема деновиве е сликата што ја постираше Кирил Петков во кој премиерот на Република Бугарија го пресече нашиот премиер(?) Димитар Ковачевски.

 

Многумина се појавија со свои мислења и ставови, но најмногу лајкови собра статусот на познатата џетсетерка Мелита Ракичевиќ која кажа дека како експерт за фотошоп приметила дека нешто не е во ред со сликата уште на првото гледање на истата.

 

"СРАМОТА ДА ТИ Е КИРИЛЕ ПЕТКОВЕ! Па и јас не ги едитирам до овој степен моите слики... ок е да пресечеш некој маж од сликата ако не ти се свиѓа, ама барем направи го реалистично, да изгледа добро. Башка ни усните и ни задникот не си го поправил на сликата. Изгледаш некако бледо. Ако планираш следен пат да чепкаш слики во фотошоп пиши ќе ти помогнам." - напиша Мелита на нејзиниот ЛинкедИн профил.

Коментари


Остави коментар