logo

# Сатира

МЕЃУ 5 И 10 ГОДИНИ КАЗНА АКО ИМАТЕ ЛАЈКНАТО ФЕЈСБУК СТРАНИЦИ ОД РУСИЈА

насловна слика

Борба против пропагандата!

 

Владата денеска објави дека секој граѓанин на земјава што има лајкнато страници од Русија има рок до крајот на месецов да ги одлајкне, а доколку не го направи тоа ризикува казна од 5 до 10 години.

 

Оваа мерка служи да се намали Руското влијание и пропаганда во земјава.

 

"Видете, Русите користат секакви начини за да шират пропаганда. Од слики со слатки мачки од Русија, па се до згодни манекенки од Русија. Не сакам да чујам никакво правдање. Имате до крај на месецов да ги тргнете лајковите на сите страници од Русија. Ве следиме, се е јавно. Лесен е изборот. Ќе тргате лајкови или ќе завршите во затвор." - ни кажа министерот за одбрана додека чекаше ред да си купи бурек од една бурекџилница во градот.

 

 

Коментари


Остави коментар