Повеќе од 100 кафеави мечки од мавровско и околината, го запоседнаа локалниот штаб на владејачката ДУИ со барање под итно да им се доделат членски книшки од нашата најзелена партија, со цел еднаш засекогаш да се реши нивниот статус, но и да добијат права и заштита каква што имаат функционерите од оваа партија.
- По темелна анализа на предностите што ги нудат партиите кај нас, дојдовме до заклучок дека со ДУИ имаме најмногу заеднички работи. И тие, како и ние, се спуштија од шумите за да ги остварат своите права, а тоа што нивните членови не се ни мечки, а се заштитени како бели мечки, е само плус за нас. Псе јо? - изјави претседателката на Сојузот за правата на мечките, мечката Божана.
По дадената изјава, насобраните мечки пред штабот на ДУИ почнаа да го скандираат името на лидерот Али Ахмети, во надеж дека ќе го мотивираат што побрзо да се појави пред нив и свечено да им ги додели членските книшки.