Паника и гужва на граничните премини кон Грција! Се бара тест повеќе сѐ со цел да се стигне до Грција.
Имено, група испаничени, загрижени, вакцинирани и невакцинирани граѓани денес храбро се упатија кон Грција, поточно кон вилата на Заеви, зашто многумина од нив стравуваат дека премиерот е на одмор токму во сопствената многуквадратна вила.
„ Народот сака да го види премиерот на телевизија, да даде некој изјава, било каква, еве не мора да е за оставката на Филипче се гледа дека тоа му е болно, но нека јави барем дека е жив! Вака како што се однесува само влијае на нашето здравје! На целокупното здравје на граѓаните! Едноставно сакаме да го видиме на ТВ! Што тука не е јасно? “ – рече видно изреволтираниот пензионер Зоре и заедно со својата сопруга ја премина границата, додека многумина граѓани останаа да чекаат на ред за брзи ПЦР тестови.
Останува да го видиме епилогот во текот на денов.