logo

# Сатира

МАРВЕЛ: Ликот "Црна Вдовица" ќе биде Македонка, а не Русинка!

насловна слика

Санкциите кон Русија не престануваат!

 

Имено, Марвел и Дизни денеска објавија дека ќе ја сменат историјата на ликот "Црна вдовица". За тие што не знаат, таа до сега беше лик со Руско потекло чие име е Наташа Романоф. Но, после најавените санкции кон Русија, овој лик ќе биде сменет, па фановите на стриповите и филмовите од сега ќе може да бидат фанови само на "Црната Вдовица" Наташа Романовска, како што ќе биде новото име на овој лик.

 

"Сметаме дека мора да има санкции за Русија. Иако Американци го измислија ликот, а во филмовите е глумена  од Американка со потекло од Скандинавија, тоа не значи дека не смееме да го смениме овој лик што ја глорифицира Русија. Затоа, од сега ликот ќе има потекло од Македонија, а секако, бидејќи е Македонка прво нешто што ќе направи е ќе си го смени името. Од Наташа Романоф во Наташа Романовска." - изјави преставник на Дизни.

 

Според првите шпекулации, најголем фаворит за глумење на овој лик во филм-универзумот е Гоце Тодоровски, кој веќе има искуство со глумење на женски ликови.

 

 

Коментари


Остави коментар