„Пробав од трите... сепак, за вкусови не се расправа. Кога се мора – се јаде! Не сум по благото како што знае јавноста, но бидејќи денот е крајно историски за нас, сепак не можам а да не го одбележам со едно поголемко мрсно бифтече на сметка на ЕУ. Кој ако не јас најмогу го заслужува тоа?!? “
Рече министерот Маричиќ, се подзабриша со салфетката од синиот шлаг што му беше останал од тортата и храбро тргна во освојување на нов, сочен ЕУ бифтек.