logo

# Сатира

МАРИЧИЌ: ШТО ИМА ДА КАЖУВАМЕ ДАЛИ НАЦИЗМОТ Е ЛОША РАБОТА???

насловна слика

Бојан Мариќиќ со нов став само неколку денови откако кажа дека нема што нашата земја да збори за тоа дали има македонско малцинство во Бугарија (бидејќи според договорот од Преспа веќе се знае дека не постои нешто такво во Грција)

 

Имено, тој кажа дека е крајно нелогично и непотребно нашата држава да каже дали нацизмот е лоша работа, бидејќи втората светска војна се случила кога тој не бил роден, па така е глупаво тој да кажува дали назицмот бил лош или не.

 

"Не сум бил роден тогаш. Можда ќе ми се допаднал назицмот. Од кај знаеме? Можда и ќе сум го мразел. Од кај да знам? Мислам ајде, да збориме дали нацизмот е лош? Па тоа е муабет од дамна. Како ќе одиме НАПРЕД ако цело време збориме за работи од МИНАТОТО??? Нема логика. Дали нацизмот бил лош не е прашање што можам да го одговорам. Ај ако не, сега па да имаме став и дали ропството било лошо? Или палењето на вештерки во Салем дали било лошо? Еееееј замислете, земја што нема врска со САД да има став дали палењето на вештерки во Салем било добро или лошо? Нивна работа си е тоа, можда е супер, можда не. Исто како и малциснтва во Бугарија. Тие си знаат. Да не им се мешаме. Замислете... држава да се меша во туѓа држава???? Ма ајде. Ајде, сега се брзам ќе разговараме со еден од Бугарија за промени во нашот устав. Се брзам" - изјави Маричиќ во интервју за нашиот сајт.

Коментари


Остави коментар