logo

# Сатира

Маричиќ се буни: Секогаш кликам "прифати ги сите колачиња" а колачињата никаде ги нема

насловна слика

Историскиот успех со полузапочнатите преговори со ЕУ, по сѐ изгледа делуваше мотивирачки на министерот за службени ручеци, Бојан Маричиќ, кој прв во историјата започна истрага по колачињата што ги ветува скоро секоја веб-страна, но ретко која ги доставува.

 

- Ја колачиња не сум видел во живот. А на секоја веб страна што ги нуди кликам по неколку пати. И ништо! Затоа поднесов барање да се спроведе итна истрага, која ќе открие на која адреса завршуваат тие колачиња и кој ги јаде. Зошто ја не сум, жими фотелја! - изјави нервозно министерот.

Коментари


Остави коментар