logo

# Сатира

Маричиќ по стапките на Бислимовски: Од утре го исфрла лебот од исхраната за да заштеди

насловна слика

Откако претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимовски, дојде до револуционерно откритие дека скалите во зградата каде работи водат директно до неговата канцеларија и со тоа постави нови стандарди за штедење во државните институции, неговиот колега по килажа и љубов кон добрата храна, Бојан Маричиќ, реши да го следи неговиот пример и да се жртвува за доброто на граѓаните.

 

-  Несебичниот потег на колегата Бислимовски, кој го стави во ризик сопственото здравје само за да заштеди, ме потикна и јас да сменам нешто и затоа од утре – нема веќе леб. Разговарав и со нутриционисти, кои ме предупредија дека поради наглото исфрлање на лебот можно е да трошам повеќе на бифтек, ребра, кременадли...но спремен сум да го преземам тој ризик за ваше добро! – изјави заменик министерот Маричиќ.  

 

Поддршка за неговата храбра одлука пристигна и од неговиот шеф, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, кој за да покаже солидарност со својот потчинет, од утре нема да користи шампон за коса при туширањето со тенок млаз вода.

Коментари


Остави коментар