logo

# Сатира

Маричиќ: На невакцинираните криминалци ќе им биде забранет влез во затворите

насловна слика

Забрана за влез во затворите за сите криминалци кои не поседуваат сертификат за вакцинација најавија денес министерот за правда, Бојан Маричиќ и неговиот колега од здравство, Венко Филипче, на заедничка прес конференција, на која беа промовирани мерките за заштита од коронавирусот во казнено-поправните установи. 

 

- Сакам да испратам јасна порака до сите криминалци кои треба да отслужат казна затвор, а не се вакцинирани, дека додека не го сторат тоа ќе мора да останат на слобода. Од друга страна, невакцинираните затвореници кои отслужуваат казна затвор, уште вечерва ќе бидат избркани од затворите и нема да можат да се вратат без примени две дози од вакцината. - рече министерот Маричиќ. 

 

Како што дознаваме, по стапувањето на сила на оваа мерка, повеќе од 100 криминалци кои чекаат да бидат повикани да ја отслужат казната, се обиделе да упаднат во неколку казнено-поправни домови во земјава, но нивното бегство од слободата било откриено на време и успешно одбиено од затворските единици. 

Коментари

FFUIDThACifepM0cylGHQWwAPfoVF3YashrzjP7z

Што да се прави, човекот мора и да ослободи место за луѓе од партијата ко имаат големи заслуги.

cr80qGvdar032kmg1PdkXRoIEmw6iMHarkmb77CU

да се нагласи...вакцинирани


Остави коментар