logo

# Сатира

Макрон до Зеленски: Украина не постоела пред 2022, подобар предлог од ова нема да добиеш!

насловна слика

Француски предлог и за Украина!

 

Овие денови Емануел Макрон беше во Украина каде проба на разумен начин да ја смири ситуацијата меѓу Русија и Украина.

 

"Види, батец. Имам предлог за тебе. Предадете се. Нека заврши војната. Потпишете дека Украина не постоела пред 2022 и овие, новиве граници без ДНР, ЛНР и слично се вистсинската Украина, а се пред тоа било некоја Сталинова измишљотина. Ти текнуе? Не постоело Украинци во 1980 на пример, тоа биле само жители на СССР. Говорите Руски јазик, мислам срамота е да се замараш за тоа дали говорите Руски јазик или Украински кога илјадници луѓе ти гинат. Ај престани со национализмов. Те молам. Ова е најдобар предлог што ќе го добиеш. Ок, можеби втор најдобар предлог. Најдобар би бил се ова + да го смениш името на Украина. Ама за тоа подоцна. Види, размисли, и капитулирај. Ова може да е последниот воз за.... за.... за шо сакаше ти? ЕУ? НАТО? Шо сакаше? Не ни знам више шо сакате, цело време одам се среќавам со отепани земји, пред некој ден се видов со еден Северномакедонец, сеа со тебе, па после треба да одам со еден Доњецковец и еден Лугансковец... хаос, да не си ми у кожа..." - му кажал Макрон на Зеленски, по што Зеленски побарал превод, бидејќи Зеленски не говори Француски.

 

 

Коментари


Остави коментар