Нова вест која доаѓа само ден откако беше објавена информацијата дека макета во форма на полицаец ќе внимава дали возите побрзо од дозволената брзина!
Имено, во секој поголем маркет во земјава ќе има макета од министерот Крешник Бектеши со цел граѓаните да се исплашат и да не купат повеќе зејтин од дозволеното!
Ова е со цел да се контролира проблемот со недостаток на зејтин во земјата.
"Не, не е вистина дека има проблем со недостаток на зејтин." - изјави Крешник Бектеши. Откако го погледнавме неколку секудни без да кажеме ништо, тој потпадна под притисокот:
"Добро де. Ме фативте. Има недостаток на зејтин во земјава. И што ако? Тоа е, криза е секаде, не е само во земји членки на НАТО кризата! И ете, мора да се снаоѓаме. Мора луѓето да знаат дека Господ гледа се! А освен Господ и јас исто така гледам се. Затоа, овие макети ќе внимаваат дали купувате повеќе од две шишиња зејтин. Мора да пробаме со секакви мерки!' - изјави Бектеши.