Декември. Месец на подароци, елки, сијалички, лампиони, Дедо Мраз и преживување 2 недели откако ќе ја заебеш цела плата уште на 10 во месецот.
Исто така и месец кога се повеќе Македонки го добиваат клучното прашање за кое што сонува секоја млада дама - "Kade za nova akone e tajna?"
Со почетокот на месецот, се повеќе може да се почувствува атмосферата во воздухот и возбудата на жените во државата кои со нетрпение ја чекаат првата порака во нивниот "инбокс".
"Едвај чекам. Ептен сум возбудена. Нели, нема да му вратам и најверојатно ќе го ставам на блок секој што ќе ме праша тоа, ама сепак, тоа е една од редовните работи кои ги добивам секој декември - порака што ме прашува кај ќе славам нова година. Еве, поминаа пар денови и се уште не добив некоја таква порака, ама прашање на време е кога ќе започне традицијата. Возбудливо!" - вели една позната интернет старлета во интервју за нашиот сајт.