- Ќе гласам идниот премиер да биде жена. Па нека не ебе колку сака!
- После секс секогаш палам цигара. Така и ги оставив цигарите.
- Жена ми толку многу хрчеше, што морав да ја убијам. Сега спие како заклана!
- Исусе, како да најдам пари за вечера? Ако не е тајна...
- Заборавивме да живееме. Па не може човек, сѐ да памети.
- Толку добар диазепам си купив, што уште не можам да се смирам од возбуда.
- Единствен начин да го замолчиш народот е да му докажеш дека има слобода на говор.
- Бракот ми виси во воздух. Се обеси жена ми!
- Ни ветуваат брда и долини. Ќе има каде да пасеме.
- Во Македонија има пари со лопата да ги ринеш. Ама немам пари да си купам лопата.
- Во владата нема место за крадци. Сите места се пополнети!
- Џихадистите се мирни луѓе. Ама понекогаш знаат да екплодираат!
- Си го купив најскапото јаже за бесење. Еднаш се живее!