logo

# Сатира

Македонија донираше вакцини на братскиот Занзибар

насловна слика

Нашата Влада на денешната седница донесе одлука, дел од вакцините да ги донира на братската држава Занзибар. Донацијата ќе биде само продолжение на успешната соработка помеѓу двете држави, која деновиве беше крунисана со размена на пациенти. Како што вели премиерот Зоран Заев во своето обраќање пред медиумите, оваа подадена рака од наша страна ќе отвори многу нови соработки со братскиот народ на Занзибар.

„Одлучивме да подадеме рака на нашите браќа во Занзибар. Пријателите се познаваат на мака. Подадовме рака во знак на пријателство и отворивме можност за многу нови заеднички соработки со братскиот Занзибар. Деновиве бевме сведоци на успешна размена на пациенти со Занзибар, а очекувам во блиска иднина овие размени да се прошират во многу поголеми размери“ - изјави премиерот Зоран Заев.

Коментари


Остави коментар