logo

# Сатира

Македонец што мрази Албанци е згрозен од потегот на Арнаутовиќ!

насловна слика

Македонецот со иницијали Ф.К. има 53 години и живее во Македонија. Тој цел живот мрази Албанци, но дури и тој мора да признае дека потегот на Арнаутовиќ е навистина лош!

 

"Бреееј овој Арнаутовиќ еј... све му ебам Српско ја на него!! Што има бе нашиов да го пцуе??? Што ако е Албанец, наш си е!!!! Мислам да се немало осет... добро, можда ја сум посакувал смрт на сите албанци... ама ова што го направи Арнаутовиќ е грозно! Не ми се верува еј, во 2021 да постои ваква омраза?? Па сите сме луѓе бе, ајде да шириме љубов, нема потреба да бидеме како гадниов Србин, све му ебам ја на него еј!!" - изјави Македонецот.

Коментари


Остави коментар