logo

# Сатира

Македонците се поделија: Вакцинирани со Астра Зенека претепаа вакциниран со Спутник

насловна слика

Нов ден - нова поделба на македонците.



Овој пат, причината за тоа е процесот на вакцинација.

 

Пред СЦ Борис Трајковски, неколку вакцинирани граѓани влегле во сериозна тепачка, која настанала кога група на жители вакцинирани со Астра Зенека се степале со жители кои се вакцинирале со Спутник В вакцината.

 

"А бе јас седев тука од страна, продавав ѓевречиња кога видов пар луѓе како се тепаат. Од прва мислев да не е скриена камера, ама после сфатив дека овие вистински се маваат. После тоа почнав да слушам "Е ОД ВАКВИ КАКО ВАС НЕ НИ ОДИ ВО ДРЖАВАТА!", "МАМИЦАТА ТВОЈА ПРЕДАВНИЧКА", "ЌЕ ВИДИШ ТИ НА ЛИДЕРОТ КОГА ЌЕ ТЕ КАЖАМ!' и уште неколку останати пцовки. Отпосле сфатив дека се тепале поради тоа што се поделиле на "Астраши" и "Русољубци", а пар "Фајзераши" подоцна скокнаа и маваа на сите страни. Хаос беше!" - изјави очевидец.


Останати очевидци велат дека многу често во оваа тепачка се користела фразата "ААААА НЕ ПО ВАКЦИНАТА БЕ!"

Коментари


Остави коментар