Главна вест деновиве е потенцијалното доаѓање на бегалците од Авганистан во Република Македонија. Бегалците бегаат од држава во која што на власт е дојдена група на луѓе која не освоила мнозинство од гласови на демократски избори. Бегалците бегаат од држава каде што на власт дошле откако се криеле по шуми и со пушки и останати оружја се избориле за шансата да дојдат на власт. Бегалците бегаат од држава каде што не се почитува никаков устав и никакви закони или договори.
Бегалците... најверојатно ќе се чувствуваат како дома.
Мислењата за Авганистанците кои можеби ќе бидат прибрани во Македонија се поделени, но сепак сметаме дека за свој став треба да ги прашаме и Македонците во Грција кои се исто така бегалци, па најверојатно би ги знаеле маките на жителите на Авганистан.
Во продолжение го пренеусваме мислењето на Македонците бегалци во Грција:
" "
Нема мислење.
Нема Македонци во Грција. Нема македонски бегалци во Грција. Никој таму не го говори македонскиот јазик. Преспанскиот договор го потврдува ова.
Така да, бидејќи според Преспанскиот договор не постојат македонски бегалци во Грција кои го говорат македонскиот јазик... логично е и да не постои нивниот став.
Исто како што не постојат Дедо Мраз, Баба Рога, Бугарска певаљка со природни гради или македонсоко малцинство во Грција.
Логично.
Нели.