Нов удар за Владимир Путин!!!
Имено, група на граѓани од нашата земја го тужат претседателот на Русија поради тоа што веќе две недели доцни со исплаќањето на договорениот хонорар.
"Не е фер. Ќе кажеш "Русија, голема земја, не е како кај нас", ама очигледно и таму нема ред. Се договоривме дека хонорарот ќе пристигне на секој први. За џабе ли одев на протести против Бугарскиот предлог? За џабе ли пишувам на фејсбук дека Рахмањинов е бољи музичар од Скрилекс, а Пушкин подобар автор од Костса Петров??? За џабе ли? Фала богу, за пари го правам се тоа, иначе ни на крај памет не ми е да имам вакви ставови. Цело време ширам пропаганда, им кажувам на луѓето дека лебот е поскапен иако не е. Им кажувам на луѓето дека не е совршена земјава за живеење иако е. Им кажувам на луѓево невистини, а во замена ме плаќа Путин. И сега... ДВЕ НЕДЕЛИ НЕ ПРЕФРЛИЛ ХОНОРАР! Алоооо!!! Две недели! Се собравме сите милион граѓани на Македонија и пративме тужба во Стразбур." - изјави еден од луѓето кои ќе го тужат Владимир Путин.