logo

# Сатира

Луѓето кои во Систина дознаваат дека имаат Ковид-19 се посреќни

насловна слика
Медиумската војна помеѓу „Аџибадем Систина“ и Министерот за здравство Венко Филипче, која резултираше со закана за тужба од страна на „Аџибадем Систина“ против Венко Филипче, се чини дека има и научна позадина. Имено, последните научни истражувања, покажуваат дека лицата кои дознаваат во „Аџибадем Систина“ дека се позитивни на вирусот Ковид-19 се значително посреќни од луѓето кои тоа го дознаваат при тестирањето во Клиниката за Инфективни Болести. Научниците немаат некое логично објаснување за оваа појава, освен тоа дека најверојатно за разлика од траорната атмосфера во Кличничкиот центар, пациентите во „Аџибадем Систина“ веста за позтивниот тест за Ковид-19 ја добиваат во една позитивна атмосфера и со насмевка од лекарите и персоналот. Потоа овие пациенти веста ја шират и со своите најблиски и пријателите со што целокупното општество добива позитивна енергија.

Коментари


Остави коментар