Луѓе, ситуацијата е алармантна.
Нема да ви кажам да го направите ова за другите. Ок е, постојат себични луѓе. Сфаќам. Сами на себе сте најбитна личност.
Не мора да го правите за другите. Направете го за себе.
БЕСПЛАТНО Е!!!
Ви кажувам од искуство дека нема никакви нус-појави, главоболки, забоболки и што ли уште не после тоа. Бателете ја ситуацијата со Теута Арифи, 99% од луѓето се здрави и прави. Буквално (БУКВАЛНО!) минутка работа е, после тоа си продолжувате со денот.
Нели е подобро да живеете безгрижно? Не е ли подобро да бидете сигурни во вашата иднина и здравје? Не е ли подобро да знаете дека со еден потег може да обезбедите вашето дете да не живее во страв? Не е ли подобро да отидете, да завршите работка за минутка и после тоа да си свиркате?
Слободно, имате избор, ама утре ако полиција ви прави проблеми сами сте си криви што на време не сте го решиле проблемот.
Кратко е, безболно е, нема никакви нус-појави, бесплатно е и ви овозможува сигурна и безбедна иднина на вас и вашите деца.
Извадете членска книшка од ДУИ уште денеска.