logo

# Сатира

ЉУПЧЕ СО МОЌНА ПОРАКА: Правото на викендичка е основно човеково право!

насловна слика

Вицепремиерот за корупција, хидрација и апологија, Љупче Николовски, во трогателно обраќање до јавноста застана во одбрана на Законот за легализација на дивоградби кој претседателот Пендаровски одби да го потпише и вети дека ќе даде сѐ од себе за да им помогне на повеќе од 50 000 семејства да го остварат своето основно човеково право - легално да се поседува нелегално изградена викендичка. 

 

- Да рушиш на оваа сиромаштија треба да си навистина заминат со паметот. Наместо да им честитаме на храброста да се нафатат да изградат викендичка за да можат да одмараат во земјава, а не да одат во Грција, Мексико, Дуб...ровник, ние ги казнуваме. Претседателот нека се прибере, оти нема смисла да нѐ кочи на европскиот пат, а и да си расипеме муабет заради еден закон. Законите се минливи. Денес се тука, утре ќе ги смениме. Ама патот кон ЕУ е вечен. - рече Николовски.

 

Поддршка за аргументите на Љупче стигна од премиерот Заев и лидерот на опозицијата Мицковски, кои во заедничко соопштение најавија дека доколку претседателот продолжи да пркоси, подготвени се да го отворат Уставот и официјално да го вметнат ова право за да ги заштитат најпогодените.

Коментари

Гостин

А да го разреши Зоки, као Стојко?!!


Остави коментар

Архива по датум