logo

# Сатира

Љубчо ќе биде првиот северномакедонски астронаут во братската Бугарска вселенска програма?

насловна слика

По повикот на шоуменот и лидер на партијата која победи на вчерашните избори во Бугарија, Слави Трифунов, за обединување на двата народи преку освојување на вселената до Бугарската вселенска програма пристигнале и првите апликации од благонадежни астронаути од Нашата Земја.

 

Според податоците до кои дојдовме, помеѓу апликантите за прв северномакедонски астронаут се наоѓаат неколку звучни имиња, од кои најпознато е она на нашиот поранешен премиер, Љубчо Георгиевски, кој според инсајдерски информации, за сега е најголем фаворит за летање во космосот.

 

За да ја потврдиме информацијата го контактиравме господинот Георигиевски, кој изјави дека се пријавил за учество во Бугарската вселенска програма од причина што уште од дете имал желба да ја посети Месечината, како и старите бугарски земји Марс, Венера и Меркур и да види од каде доаѓаат неговите предци.

Коментари

bzwGvuL5C9o1ZfWIXzWqnM114104muwTUMRBy9sa

а и да провери дали има услови за инвестирање, градба итн.... нормално како секој благонадежен бизнисмен со поетска диплома

BcsCZpPwIqfOrRIRFWU4AFKQd9WUZuMN7wweFIWi

има ли билет во еден правец за овој лик?!!

N6h2VMmkpdlJsKSPxprr3GqicqbNGj0bEvaviewr

Ќе оди како Љубчо - Царевоселски или како Љупчо- Делчевски, северо Македонски. Битно за историјата!то

89LfMiFcoGDkDQErur3MNlA7V1YgVZ45LlleUayE

РАЗБИРАСЕ...

Диано

од извори блиски на НАСА, веќе почнал со припреми и тренинзи поддржан е експертот за космички прошетки мистер Каракачанов


Остави коментар