logo

# Сатира

ЛИЛЕ БЕСНА! "Ахмети ми ја краде идејата, што ако јас станам терорист сега?!?!?"

насловна слика

Се уште главна вест во државава е ребрендирањето на ДУИ во зелена партија.

Со свое мислење се појавија вмровците, сдсмовците, левичарите, а секако и ... домарите? Домовачите? Домстарите? Домчаните? Лилјаните?

 

Со свое мислење се појави Лиле - претседателката на ДОМ и другите двајца членови на партијата.

 

"Како не му е срам! Цел живот се трудам за луѓето да ме перцпеираат за зелена... и овој туку така во еден ден го украде мојот примат за најзелен во цела држава!?! Па како не му е срам! Нема ли овој човек осет за чувствата на другите луѓе??? Како би му било ако јас утре излезам и го ребрендирам ДОМ во терористичко движење??? Нема да биде убаво, зарем не?!?!?" - изјави госпоѓата ДОМ.

Коментари


Остави коментар