Левица со ново барање за референдум до спикерот Талат Џафери!
Откако нивните први обиди за референдум беа одбиени, тие овој пат ќе достават ново, јубилејно трето барање за референдм, но овој пат со ново прашање - "Дали сакате Талат Џафери да ни дозволи референдум?"
Така, според партијата најдобро ќе се види дали дали народот сака референдум или не, а тие велат дека ако резултатот е позитивен тогаш Талат Џафери ќе нема друг избор освен да им го прифати следното, четврто барање за референдум.
"Уставно. Мора да биде. Не гледаме зошто ова прашање не би било одбиено." - изјави Димитар Апасиев за ова барање.
Во меѓувреме, од СДСМ рекоа дека немаат проблем да има вакво референдумско прашање.
"Нема проблем. Ние отсекогаш сме сакале рефеерндуми и игнорирање на истите." - се вели во соопштение на СДСМ.
Секако, пробавме да стапиме во контакт и со ВМРО-ДПМНЕ, а од таму ни рекоа дека немаат став за референдумот за промена на името.
Откако им рековме дека станува збор за друг референдум, а не за неуспешниот референдум од пред неколку години, тие ни одговорија:
"Ааа... па што не кажете така???
И за овој немаме став."