Конечно чекор напред кон победа на демократијата во нашата држава!
Изборите треба да бидат едноставни и безбедни и не треба премногу да го трошат буџетот! Затоа, во обид да се направи најдобриот начин за едноставни и безбедни избори во државата, владата најавува укинување на изборите!
" Многу е битно следната влада да се одбере на што е можно поедноставен и побезбеден начин. Начин што има 0% шанса дека ќе биде хакнат од хакери од Русија, пошто сите знаеме дека само во Русија и Кина има хакери. Воедно, многу е битно процесот на гласање да биде поевтин. Секако, се уште ќе трошиме пари на кампањи, ама барем нема да плаќаме луѓе кои работат во избирачките места, нешто што премногу го олеснуваше буџетот порано.
Решивме дека следната влада ќе ја бираме со помош на паричка. Ако е глава ќе биде СДСМ со ДУИ, а ако е петка тогаш владата ќе биде ДПМНЕ со ДУИ. Сметаме дека ова е најдобриот, наједонставниот, најбезбедниот и најфинансиско интелигентен потег што можевме да го направиме" - се вели во соопштението на владата.
Од СДСМ велат дека ова е добар потег.
Истото го велат и од ДПМНЕ.
Од ДУИ... не знаеме албански, ама мислиме дека и они се задоволни од ова.
Не ги прашавме за мислење помалите партии во државава, пошто кој го боли пенис за нив.