logo

# Сатира

Купи гроб - купи сандак!

насловна слика

Гробишта, поворка со мртовец, мрачна атмосфера,

лелеци... Гробарот Секула Идризи е внесен во

копањето на гробот, Магдалена го интервјуира.

МАГДАЛЕНА:

Почитувани гледачи, владата со инвестиција од

10 милиони евра значително го подобри животот на

станарите во градските гробишта Бутел. Ова, како

и кампањата „Купи гроб – купи сандак“, донесе

нови заинтересирани граѓани за парцелите во

ова елитно место. За ова повеќе ќе слушнеме од

гробарот Секула Идризи. Господине Секула, како

граѓаните реагираат на новата инфраструктура

на гробишта и на кампањата „Купи гроб – купи

сандак“?

СЕКУЛА (престанува со копањето, ги става рацете

на половина):

Реакциони шум феноменаљ... Граџани су уодушевени

од новите гробишта. Вечити дел од нив и животот

би го дале да се преселат тука.

МАГДАЛЕНА:

Од која група граѓани има најмногу уживатели на

овие удобности што ги обезбеди владата?

СЕКУЛА:

Пензионерите дефенитивно.Тие не се живи ако не

умрат.

МАГДАЛЕНА:

Како ќе ги искоментирате обвинувањата на некои

медиуми блиски до опозицијата дека наводно владата троши премногу пари на споменици?

СЕКУЛА:

Гроб без споменик не го личи! Сите знаеме дека

се тоа медиуми платени од странски земји, кои со

своите срамни објави за жал успеа да предомислат

еден дел на граџани кои упорно... али упорно одбиваат да аплицираат за кредит од проектот

„Купи гроб – купи сандак“... у пичку матер...

тачи пичка те нон!

МАГДАЛЕНА:

Какви се реакциите на оние граѓани што веќе

аплицираа?

СЕКУЛА:

Корисниците се шум презадоволни. Впрочем,

јавна тајна е дека токму станарите на градските

гробишта Бутел се највечи поддржувачи на владејачката партија на секои избори.

МАГДАЛЕНА:

Дали има и незадоволни станари?

СЕКУЛА:

Уште никој се нема иселено, ако се исели, че

го пукам богами! Така да цврсто ве уверувам

дека сите станари ќе живеат тука до крајот на

животот. А и после тоа. Ако Господ даде. (Се крсти.) Ооо... Алах...

МАГДАЛЕНА:

Последната поплава не ги заобиколи ниту

гробиштата. Дали имаше поголеми штети, бидејќи

нашите камери забележаа дека дел од гробовите

пливаат во вода?

СЕКУЛА:

Водата дава живот, тако да поплавата дури имаше

и позитиван утицај на нашите гробишта. Помогна

некои станари да испливаат на површина.

МАГДАЛЕНА:

На крајот, што би им порачале на нашите гледачи?

СЕКУЛА:

Да не губат време и веднаш да аплицираат на

акцијата „Купи сандак – купи гроб“. И да не

штедат пари бидејќи еднаш се живее.

МАГДАЛЕНА:

Ви благодарам, господине Секула, за опфатната

анализа. А вие, почитувани гледачи, не го

менувајте каналот. Владата реши да овозможи

дополнителени 30 % попуст на погребните услуги

на секој пензионер што е корисник на бесплатното

скијање, кое исто така го обезбедува владата.

Но тоа не е сè! Доколу се јавите во наредните

пет минути, добивате и уште еден сандак гратис,

за вашиот сопруг, сопруга или некој друг близок

роднина.

(Поворката го спушта ковчегот. Сопругата на

починатиот погледнува во гробот и револтирано му

се обраќа на Секула.)

ЖЕНАТА:

Што е ова?! Нема ни половина метар ископано!

СЕКУЛА:

Леле, види како ме нервира! Де, бе, госпоѓо кадал, смири тоа живците... Платено е половина од

цената. Колку пари – толку музика!

ЖЕНАТА:

Се договоривме на две рати, идиот еден! Во овој

гроб куче не можете да закопате, а не пак човек!

СЕКУЛА:

Тачи пичка те нон, полека, госпоџо, смири тоа

живците. Ја луѓе, ти човек, ќе се договориме.

Би ви предложил да го закопате вашиот сопруг

половина сега, а другата половина откако ќе ја

платите целата сума.

ЖЕНАТА:

Ќе те закопам јас тебе!

(Жената почнува да го удира Секула, овој бега.

Настанува брканица низ гробиштата.) 

(Фрагмент од драмата „Го силувавме ежот“ од Марјан Анѓеловски во издание на „Антлог“)

Коментари


Остави коментар