И познатиот отварач на вратите кон Европа се јави со свој став за референдумот во Укр... во Рус... во Доње... во... во место што порано беше дел од СССР.
Тој вели дека е заинтригиран од престојниот референдум и едвај чека да види што ќе се случи.
"Референдум во Украина, а? Не се сигурни дали ќе пројде, а? Не се сигурни дали ќе бидат важечки резултатите од референдумот, а? Интересно... навистина интересно... Него, неповрзано со ова... некој да не знае евтини билети за Украина или Русија кај може да најдам?" - гласеше фејсбук статусот на Крсто Мукоски.