logo

# Сатира

Крсто Мукоски: ПРВ ЌЕ ЈА ОТВОРАМ ВРАТАТА КОН ОБЕДИНУВАЊЕ ПРОТИВ ЗЛОТО!

насловна слика

Добро е! Иако граѓаните овие денови почнаа да делуваат исплашено дека злото ќе им ги уништи демовите, сепак излезе херој кој е спремен да застане во првите редови!

 

Откако СДСМ побара обединување против злото, прв излезе Крсто Мукоски кој храбро изјави дека без страв или срам ќе се бори против злото. Или ако ништо друго, барем ќе ја отвори вратата за другите да се борат.

 

"Ти благодарам Крсто. Секогаш ни требаат вакви луѓе во СДСМ. Луѓе кои ќе ја прошират пораката дека ако не се обединиме може некој ВМРОвец да заебе работа. Ти благодарам Крсто. Претпоставувам може да сметаме и на Бети, исто како и минатиот пат, така?" - беа пофалните зборови на Зоран Заев кон познатиот Крсто.

Коментари


Остави коментар