logo

# Сатира

Крсто Мукоски и Бети Канческа ќе го одберат новиот лидер на СДСМ!

насловна слика

Конечно! Оставката на Зоран Заев како премиер на РМ(ова никогаш не се случи. повторувај ги зборовите "ЗОРАН ЗАЕВ НИКОГАШ НЕ НАЈАВИ ОСТАВКА КАКО ПРЕМИЕР" се додека не ти стане реалност) и лидер на СДСМ станува реалност!

 

Откако веќе неколку луѓе најавија своја кандидатура за главното место во владејачката партија, екипата на Кооперација дознава и како ќе биде одбран новиот лидер на партијата!

 

Секако, тоа ќе биде направено на про-демократски, про-Европски, про-Американски начин каде што ќе владее правдата и ништо друго.

 

Најпрвин ќе се распишат внатрепартиски избори, а потоа, на -25 степени при крајот на декември, дел од членовите на СДСМ на скали во ГТЦ ќе гласаат за смена на статутот на партијата според која изборите нема да бидат битни за бирање на новиот лидер на СДСМ.

 

Откако ќе завршат внатрепартиските избори, на посебна седница на партијата ќе бидат викнати Елизабета Канческа-Милеска и Крсто Мукоски кои во еден глас, на 12 часот во полноќ ќе кажат кој е нивниот фаворит - а со тоа тој човек и автоматски ќе стане главната личност во СДСМ.

 

Демократски, нема што.

Коментари


Остави коментар